Vasil Tupurkovski  

   Васил Тупурковски е роден на 8 април 1951 година во Скопје, Дипломирал на Правниот факултет во 1972 година, а следната година завршил постидпломски студии по меѓународно јавно право на Мижигенскиот универзитет во САД, додека во 1976 година докторирал на меѓународно право.
Од 1983 година работи како редовен професор по меѓународно право на Правниот факултет во Скопје. Васил Тупурковски денес е член на стручни меѓународни организации во сферата на меѓународното право и е предавач во повеќе од 60 земји.

Автор е на низа трудови од областа на меѓународното право, како и од историјата на античка Македонија. Бил претседател на ССМЈ, како и член на Претседател на СФРЈ, на Претседателството на ЦК СКЈ и на ЦКСКМ. Тупурковски е и актуелен претседател на Македонскиот олимпискиот комитет, како и претседател на Асоцијацијата на балканските национални олимписки комитети и директор на Агенцијата за обнова и развој.

Различни осврти за профилот, програмата,биографијата на претседателските кандидати се присутни на:

официјалната веб страна на МИА

официјалната веб страна на Министерството за Информации

Официјалната страна на кандидатот